Демографска криза во Кина: Владата со нови мерки за зголемување на наталитетот

 


Кинеската влада денеска објави мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството во обид да се зголеми наталитетот.

Државниот совет на Кина повика на напори за изградба на „нова култура на брак и породување“, истакнувајќи дека се усвоени мерки за да се понудат поповолни породилни бенефиции, како и субвенции за децата и нивното образование, објави Ројтерс.

Во Кина минатата година наталитетот достигна рекордно ниско ниво.

28.10.2024 - 14:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега