Демократски сојуз: На ученичката од Охрид да и’ се овозможи да полага матура

На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето, порача партијата Демократски сојуз.

Од тука велат дека јасно е оти пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски“, па тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите.

„Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз го повикува министерот за образование да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен.

28.05.2023 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега