Последната полна месечина во зимската сезона ќе се случи на 18 март во земјениот знак Девица. Оваа полна Месечина ќе истакне сè што треба да се исчисти од нашите срца.

Овен

Оваа полна месечина ќе ве преиспита дали вашиот распоред е во ред и дали вашите приоритети се контролирани. Погрижете се да му се посветите на вашето здравје, оставајќи си доволно време за спиење, одмор и грижа за себе. Работата е важна, но не дотолку за да ја жртвувате својата благосостојба. Почестете се со време за одмор и релаксација!

Бик

Откажете се од вашите ограничувања! Ова е вистинскиот омент за слобода. Полната Месечина ја разгорува вашата желба да се забавувате. Вашите хоби и рекреативни активности заслужуваат сега да бидат во центарот на вниманието, затоа дозволете си да уживате во вашите страсти. Уживањето во задоволството во животот е секогаш ефикасно искористување на времето.

Близнаци

Време е за рано пролетно чистење! Копајте низ фиоките, исчистете ги плакарите и соберете ја облеката која не ја носите – би било супер да ја донирате. Со ослободување на вашата физичка средина од нередот што го одвлекува вниманието, ќе можете да ја осветлите вашата внатрешна светлина и да ја фокусирате вашата енергија на вашите цели.

Рак

Вашиот социјален живот ќе се разгори под оваа полна месечина, затоа искористете ја прагматичната енергија на оваа месечина за да го организирате календарот за контакти и комуникација. Одговорете на неодговорените пораки и мејлови, контактирајте со пријателите и закажете средби. Ќе се чувствувате одлично штом ќе ги средите вашите социјални контакти.

Лав

Време е да ги ревидирате вашите финансии. Оваа полна месечина ги осветлува вашите тековни средства и навиките за трошење, па затоа е одлично време да ги прегледате вашите банкарски изводи и да ги проверите вашите заштеди за да видите до каде сте. Со подобро организирање на вашиот пролетен буџет, ќе бидете подготвени малку да се забавувате и потоа да уживате во летото – затоа што летото, сепак, е ваша сезона!

Девица

Ова е вашата годишна полна Месечина, кога се може да ви оди од рака. Иако имате тенденција да бидете скромни, ова е вашето време – искористете го и совојте го цело внимание! Прифатете ја вашата самодоверба сега и не плашете се покажете пред светот. Луѓето ја увидуваат вашата автентичност и отвореност, па лесно ќе се издвоите од толпата и ќе оставите свој белег.

Вага

Веројатно беше напорен месец за вас со работа и други обврски, па оваа полна месечина сака да забавите и да се поврзете со вашата духовна страна. Поминете го викендот набљудувајќи се себеси и своите потреби. Некоја медитација одлично би ви дошла, купка за релаксација, свеќиили ритуал на полна месечина е токму она што би ви го препишал лунарниот лекар.

Скорпија

Дали вашиот тим целосно ги поддржува вашите цели и страсти? Оваа полна месечина просветлува без разлика дали вашата екипа е навистина поврзана со вашите визии или ако луѓето со кои сте опкружени ве спречуваат во реализирање на целите. Дистанцирајте се од какви било општествени кругови што ја намалуваат вашата креативност.

Стрелец

Оваа полна месечина означува блескава врвна точка кога станува збор за вашиот работен век, затоа направете прецизни планови кога станува збор за вашите следни потези во кариерата. Иако обично претпочитате да заземете поспонтан пристап, магливото влијание на Нептун врз енергијата на оваа полна месечина е одлично за правење добро осмислени планови.

Јарец

Во последно време навистина сте опседнати со ситните детали, но оваа полна месечина ви ја носи многу потребната промена на перспективата. Повлечете се од вашата вообичаена рутина и погледнете го животот од птичја перспектива. Дали вашите секојдневни интеракции и околности ги поддржуваат вашите долгорочни цели? Сега е време да направите некои прилагодувања за да можете да освоите повозвишени аспирации.

Водолија

Многу важни планети престојуваат во вашиот знак во моментов, па затоа ова е голем месец за следење на сопствените цели и поврзување со вашите желби. Но, оваа полна месечина сака да станете малку поинтроспективни. Што се случува под површината? Дали има нешто што ви тежи или ве спречува да се чувствувате слободно? Сега е време да се исчистите од тајните, вината или емоционалниот багаж.

Риби

Ова е вашата сезона, драги Риби, така што сончевиот рефлектор е насочен кон вас цел месец – но оваа полна месечина сега го става акцентот на вашите врски. Ова е важно време да сфатите што сакате и очекувате од вашите партнерства. Посветувањето на нешто или некого е одлично, но само ако се усогласи со она што е во вашето срце. Не донесувајте брзи одлуки без добро да размислите.