Денес сончево и топло, од утре дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.

Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

И во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.

Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник и ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи. Во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.

10.02.2024 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега