Денеска исклучени семафорите на „Водњанска“ – ќе се преместуваат
Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информира дека денеска од 9 часот времено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“.
Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред.
Времениот прекин на семафорите ќе трае до завршување на активностите.
-На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција, соопштуваат од јавното претпријатие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа