Денеска нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница треба да донесе одлука за новата малопродажна цена на горивата во Македонија кои ќе почнат да важат од полноќ.

Цената на бензините минатата недела се зголеми за половина денар, а непроменета остана цената на дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-9 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се промени, односно остана на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 02.11.2020 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,365 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 02.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,196 ден/кг.

Останува да видиме дали и денеска ќе имаме поскапување на горивата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.11.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега