Денеска почна пролетта: Доаѓаат високи температури и убаво време
Студено утрo, а преку ден ќе биде сончево со појава на мала облачност. Ова утрово го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), посочувајќи дека минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени, а максималната од 11 до 19 степени.
Ќе дува и слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
„Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени“,велат од УХМР.
Инаку, според УХМР денеска во 4:06 часот почнала пролетта, а во исто време на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото.
„На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути“,соопштија од УХМР.
Оттаму велат дека следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, а дневните до петок ќе бидат во постепен пораст.
На крајот на работната недела ќе има услови за појава на слаб повремен дожд. Дотогаш ќе продолжи да дува северен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа