Денеска се празнува Св. великомаченица Анастасија

Денеска е Св. великомаченица Анастасија.

Зборот маченик е превод на грчкиот мартис, што значи сведок. Значи, мачениците се сведоци, кои со својот чудесен живот сведочат за една божествена стварност што им е достапна на луѓето. А тие што со животот покажале посебно сведоштво за распнатиот и воскреснат Христос, Црквата ги нарекува великомаченици. Таква беше оваа света Анастасија, по потекло римјанка од виден род. Таа ги поднесе сите неприли¬ки со својот маж, незнабожец, ја поднесе тежината на затво¬рот и во сето тоа не престана да ги помага затворениците и сите што се наоѓаа во некоја мака. Заради таа своја вина од римските управници свети Анастасија беше наградена со смрт, а од Христа со живот во неговите вечни живеалишта. Свети Анастасија пострада во 290 година.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Анџела.

Била родена во 1248 година, во градот Фолињо, во Италија, во многу богато семејство. Родителите добро ја воспитале. Се омажила млада и во бракот имала неколку деца. Се грижела за децата и успеала христијански да ги воспитува децата. Кога умрел нејзиниот маж, се откажала од целото богатство и им го дала на сиромашните и отишла во Асизи и замолила да ја примат во Третиот фрањевачки ред. Строго му се покорила на редот, се до крајот на животот. Умрела како светица, во 1309 година.

04.01.2024 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега