Денеска се празнува Свети Евстатиј: Се верува дека треба да се прошетаме низ ливади и шуми
Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида
Тој е голем римски војсководец за време на владеењето на императорите Тит и Трајан. Еднаш, гонејќи еден елен го слушна гласот Господов што го упатуваше да се крсти. Тој се врати од ловот и се крсти заедно со жената и двата сина. Кога дојде на истото место да ми се заблагодари на Бога што го доведе до вистината, пак му се јави гласот Господов и му прорече страдање за Христа. Тој тајно го напушти Рим и се насели во Египет. Кога варварите го нападнаа Рим за време на цар Трајан, овој испрати двајца офицери да го бараат големиот војсководец. По Божја помисла, тие го најдоа во Египет и му го доведоа на императорот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. Во меѓувреме цар Трајан умре и го наследи Хадријан. Кога Хадријан дозна дека Евстатиј е христијанин го фрли заедно со семејството во вжештен метален вол. Третиот ден ги најдоа мртви, но неповредени од огнот. Овој славен војвода го даде “на царот царевото, а на Бога божјото” и премина во вечното Христово царство.
Свети Евстатиј од порано се празнува како заштитник на ловот и ловците. Се верува дека денеска треба да се прошетате по шуми и ливади во негова чест, затоа што така секој ќе го следи добра „ловечка“ среќа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа