Денеска сончево и топло време, а утре спремете се за дожд

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од -3 до 3 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 13 до 21 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер и максимална дневна температура од 19 степени.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни. Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.

20.03.2023 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега