Дерматологот Дејвид Лоштер откри која намирница треба да ја јадете секој ден за да исчезнат и најдлабоките брчки
Познато е дека храната што ја внесуваме во организмот значително влијае врз изгледот на кожата. Колку што се важни негата и употребата на кремови, исто толку важно е да се внимава на исхраната.
Најновата состојка за која научниците потврдиле дека е многу делотворна против стареењето, е белиот тартуф. Можете да го јадете, но и да го најдете во разни серуми, ноќни кремови и други препарати за нега на лице.
„Докажано е дека печурките влијаат врз природните процеси на обновување на кожата“, нагласува Дејвид Лортшер, дерматолог.
„Белите тартуфи се богати со масни киселини, омекнувачи, кои помагаат во одржувањето на кожните бариери. Кожната бариера е најоддалечениот слој на кожата кој е одговорен за задржување влага. А масните киселини од тартуфите се прицврстуваат во пукнатините помеѓу клетките“, додава доктор Лортшер.
Тартуфите содржат голема количина на витамин Ц, па многу се делотворни за отстранување старечки пеги и други дамки на кожата, како и за изедначување на тенот. Витаминот Ц не е само моќен антиоксиданс, туку е и состојка што ја осветлува кожата. Покрај тоа, тартуфите ѝ ги враќаат еластичноста и сјајот на кожата.
„Овој вид габи, исто така се добра состојка во борбата против воспаленијата. Освен што веќе ги лекува видливите воспаленија, белите тартуфи се насочени и кон помалите воспаленија кои не се видливи, но и кои во иднина би можеле да направат проблем и да ја направат кожата постара и побледа“, истакнува доктор Лортшер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа