Детали за тешката сообраќајка во Кисела Вода

 

Тешка сообраќајна несреќа вчеравечер го потресе Скопје, кога на улицата „Народни херои“ во Кисела Вода дојло до директен судир на мотоциклист и автомобил.

Несреќата се случила во 18 часот и 55 минути, кога се судриле автомобил марка „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 34-годишниот Т.П. од Скопје и мопед со скопски регистарски познаки, управуван од страна на 22-годишниот скопјанец И.Д.(22).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. И сопатникот, 22-годипниот М.Ф. се здобил со телесни повреди при несреќата и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

21.03.2025 - 10:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега