Детали за трагедијата во Мелбурн во која загина еден ученик а четири се повредени - жената се обидела со автомобилот да сврти
Жена возејќи го своето дете од училиште во предградието на Мелбурн, Хоторн Ист, во вторникот удрила во училишната ограда, при што загинал 11-годишниот Џек Дејви, објавија денеска австралиските медиуми.
Директорот на основното училиште кое го посетувало настраданото момче изјавил дека смртта на 11-годишното дете е „целосна трагедија“, пренесува Скај Њуз.
Во вторникот околу 14 часот и 30 минути, жена (40) се обидела со својот автомобил да сврти, но ја пробила оградата од училишниот двор и удрила во надворешна маса на која седеле пет деца.
Џек Дејви по несреќата бил пренесен во болница со тешки повреди, но подоцна починал.
Две 11-годишни девојчиња, како и 10-годишно девојче и момче, исто така се тешко повредени и пренесени во болница, соопшти полицијата на Викторија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа