Дете исрчало на игралиштето, а мајката пред автобусот - момче за влакно се спаси од автобусот кој влета меѓу деца во Земун

Голема драма се случила во нешто пред 14 часот на игралиште во Земун, кога автобус на линија 45 влетал на детско игралиште.

За среќа нема мртви, но повредени се 4 деца, кои итно биле префрлени во дежурните медицински установи. Меѓу повредените се и тројца патници во автобусот.

Набрзо после несреќата во медиумите се појави снимка од безбедносните камери на кои се гледа како автобусот влетува во паркот, а се гледаат мајка и две деца кои го забележале возилото без контрола и трошка двоумење притрчала по синот кој одел пред неа и ќерката која ја држела за рака.

На снимката се гледа и што направил возачот после несреќата.

Возачот на автобусот наводно избегал после несреќата, но набрзо се појавил на најблиската улица и ја чекал полицијата.

На полициските службеници им рекол дека избегал од местото на несреќата за да не го линчуваат.

Наводно бил целиот крвав.

24.09.2021 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега