Детокс напиток: Чај од ѓумбир кој ги топи килограмите, но и го зајакнува имунитетот

 

Летото е речиси пред нас, а овој период секоја дама сака да заблеска и да ја покаже својата одлична фигура.

Тоа можете да го постигнете и без гладување, со помош на овој напиток. Доколку го консумирате што почесто во текот на денот, за многу кратко време ќе ги забележите и првите резултати, а покрај килограмите, чајот од ѓумбир го намалува и целулитот.

Не само што ги согорува калориите туку и го зајакнува и имунитетот – дали постои подобра комбинација?

Многу е важно да го консумирате повеќе пати во текот на денот бидејќи го намалува апетитот и чувството за глад, а доколку ја зголемите и вашата физичка активност, резултатите ќе бидат видливи и во првите недели.

Потребни состојки:

- 2 дл. топла вода

- 1 лажичка јаболков оцет

- 2 лажички сок од лимон

- 1 лажичка мелен ѓумбир (може и свеж)

- половина лажичка мед

Начин на припрема:

Во зовриена вода, додајте го ѓумбирот, оставете неколку минути, па процедете. Потоа, додајте ги и останатите наведени состојки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2021 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега