Деветгодишно девојче од Мексико со повисок коефиценет на интелигенција од Ајнштајн

 

Адара Перез од Мексико Сити ја тестира својата интелигенција уште од четиригодишна возраст, која е 162, а сега има девет години и учи за две дипломи.

Исто така, посетува предавања во системско и индустриско инженерство на два различни мексикански универзитети.

Своите интереси ги насочи кон Универзитетот во Аризона, каде и беше понудено место за студирање астрономија, а сега се свртува кон англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон, пренесува laddbible.

Инаку, на Адара и бил дијагностициран аутизам кога имала три години, а за време на основното училиште доживувала насилство, бидејќи другите деца сметале дека е „чудна“.

Овие несреќни ситуации всушност биле причина за откривање колкав научен потенцијал има ова девојче.

Според нејзината мајка Налели Санчез, Адара играла во куќичката, кога децата ја заклучиле внатре. Почнале да викаат и да и кажуваат грди работи.

„Почнаа да удираат по куќата, таа тогаш ми рече дека не сака повеќе а оди во училиште, падна во депресија“, рече нејзината мајка.

 Сепак, токму оваа интеракција откри дека девојчето е генијалец.

После настаните на училиште, нејзината мајка ја одвела на терапија и таму психијатарот и препорачал на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што беа извршени разни тестови за интелигенција. На сите овие тестови, таа постигнала резултат 162.

 

За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имале коефициет на ителигенција 160.

Девојчето завршило средно училиште со само осум години и сега работи на диплома преку Интернет. Покрај тоа, таа пишува книга.

06.07.2021 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега