ДИК ги потврди кандидатурите за претседател на државата


Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница едногласно ги потврди кандидатурите за претседател на Република Северна Македонија 2024 година поднесени од Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Стевче Јакимовски поддржан од ГРОМ, Максим Димитриевски од партијата ЗНАМ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, Билјана Ванковска Цветковска од Левица, Бујар Османи од ДУИ и Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски информира дека кандидатите Јакимовски и Таравари во рок од 48 часа треба да доставаат единствен даночен број и трансакциска сметка.


Даштевски соопшти дека сите кандидатски листи за претседател на државата се доставени навремено.

21.03.2024 - 15:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега