ДИК закажа седница
Државната изборна комисија соопшти дека ќе одржи јавна седница, со почеток во 14 часот. Тоа значи дека формално се доставени пресудите од Управниот суд по однос на тужбите, вкупно седум на број кои Европскиот фронт ги поднесе поради одлуката да има прегласување на шест места во петатта изборна единица, и на едно место во шестата изборна единица. А сите тужби се одбиени како неосновани
На оваа седница, ќе се одлучува дали и каде ќе има прегласување поради нерегуларности на парламентарните избори кои се одржаа на 8-ми мај.
Доколку се одлучи да има прегласување, во 5-тата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ и ЛДП може да се надеваат на пратеник повеќе, а во шестата постои можност коалицијата Вреди да добие мандат повеќе.
18.05.2024 - 12:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа