Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата

 

Во Охрид вчера во 14.00 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, соопшти денеска МВР, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

09.08.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега