Димитриевски: ДУИ покажува аздисаност од власт и владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен привезок

„ДУИ покажува аздисаност од власт и час поскоро сметам дека граѓаните на следните парламентарни избори треба да го казнат за таквото однесување. Во контиунитет се зборува за злоупотреба на државни ресурси. Каде е собирот? Во државен објект. Како дојдоа? Со државни коли“. Ова вечерва го истакна градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вечерашното гостување во емисијата „10 минути“ на телевизија 21.

Димитриевски потенцираше дека ДУИ владее со државата, а дел од функционерите на СДСМ се нивен привезок.

„Тоа што тие го манифестираат во континуитет, апсолутно не е за одобрување. Тоа што денеска се случуваше со пеење по кабинети, јас не плаќам даноци и такси за да вие како мој избраник седите и пеете, па да пеете доколку граѓаните се среќни, но во Македонија на сите анкети граѓаните не се чувствуваат среќни, а политичарите им пеат“, рече Димитриевски.

Димитриевски го покани Али Ахмети да дојде и да запее во техничкото училиште на албански наставен јазик во паралелките и да ги види условите во кои учат и во техничките паралелки и во СОУ „Сами Фрашери“ и да се реши проблемот, а не проблемот да го решава од избори на избори.

20.03.2023 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега