Димитријевиќ за 360: ВМРО-ДПМНЕ води погрешни политики - затоа има бојкот

 

Новата влада формирана пред осум месеци е влада со најлош старт во историјата на Македонија која потфрла на секое поле особено во економија, па се до надворешната политика, истакна генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Димитријевиќ нагласи дека ништо од сите работи што ВМРО-ДПМНЕ ги вети во предизборието, со кои добија огромна одговорност од гласачите, немаат испорачано во овие 8 месеци и додаде дека и бојкотот е производ на погрешните политики на власта.

-Со сите случувања коишто ги имаме во последниот период, не би рекол дека граѓаните не го препознаваат тоа. Прв пример е бојкотот на маркетите што се случуваше. Тоа е производ на лошите, грешните политики на ВМРО-ДПМНЕ во сите овие изминати месеци, со кои не успеа да ги стабилизира цените. СДСМ во целиот овој период нудеше конкретни решенија за намалување на цените, коишто арогантно беа одбивани од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Го гледаме сега резултатот, рече генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во емисијата 360 степени.

03.02.2025 - 21:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега