Димовски: Колку повеќе се одолговлекува оваа состојба толку потешки ќе се последиците

Има ли лек за македонското Собрание, запраша на својот Фејсбук профил поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
„На почетокот да потсетиме зошто се организираа предвремени избори, иницирани од власта за така полесно да дојдеме до одговорите:
1. Да има ефикасни и функционални институции!
- Собранието не е ни ефикасно, ни функционално... Владата уште помалку...
2. Да се справиме со здравствената криза!
- Најлошо се справуваме во цела Европа (полоши сме и од Албанија, Босна и Молдавија), а меѓу најлошите сме во светот...
3. Да се справиме со економската криза!
- Изгубивме над 52.000 работни места, БДП ни се лизга надолу како санка, се задолжуваме со над 1,5 милијарди евра, а поделивме за помош не повеќе од 400 милиони евра, се затворија над 6.200 фирми, нема капитални инвестиции,..
4. Да започнеме преговори со ЕУ!
- Подалеку сме од преговори со ЕУ од било кога до сега...
5. Да се справиме со корупцијата!
- Продолжува само партиски и политички прогон на неистомисленици, а се толерираат актуелни крупни финансиски скандали...
Ништо не е реализирано!
Власта кажа дека е спремна да владее со мнозинство од само 62 пратеници, и тоа составено од најмалку 11 политички партии...
Беше укажувано дека такво мнозинство е невозможно да создаде ефикасна работа и резултати, но ВЛАСТА ЈА ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТА...
Опозицијата често е конструктивна (дури и спротивно на волјата на нејзините поддржувачи), но власта го/ја:
Продолжи политичкиот прогон...
Продолжи злоупотребата на европското знаменце...
Продолжи носењето закони по скратена постапка...
Продолжи игнорирањето на опозицијата...
Продолжи користењето на Собранието како нотарска канцеларија...
Продолжи назначувањето на партиски војници на власта во највисоките судски и државни независни тела...
Продолжи непочитувањето на законите (последно е изборниот закон)...
Продолжи носењето на сериозни закони без прифаќање на ниту еден амандман од опозицијата (Законот за попис)...
Продолжи тактиката на удари по Собранието од страна на Владата...
Продолжи одолговлекувањето на процесот Жан Моне...
Продолжи одбегнувањето да се ставаат точки на дневен ред по предлог на опозицијата...
ЛЕКОТ СЕ ГЛЕДА ОД АВИОН:
Експертска Влада (со Премиер со сеопфатна и широка општествена поддршка, а со експертска позадина) со јасна агенда за брзо здравствено и економско опоравување, запирање на политичката злоупотреба на државните органи, отчет за последните скандали и афери... и веднаш штом се може, избори...
Колку повеќе се одолговлекува оваа состојба толку потешки ќе се последиците за сите, а најмногу за државата и граѓаните...
Дојдено е време да се смени власта, дајте им воздух и на граѓаните и на институциите, во спротивно сите ќе се угушиме...“, напиша Димовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега