Директорот на РЕК Битола: Јас им ги зголемив платите за двапати на вработените - ќе имаат и бесплатно јадење

 

„Секој вработен треба да биде платен. Во мое време два пати се згоелмуваат платите. Еднаш со пет проценти, сега уште 15 проценти. И да надополнам дека во втората половина од годината пак ќе има покачување. Пак ќе добијат работниците повисоки плати“ рече директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски во интерју за ТВ Тера.

Тој додаде дека работниците во РЕК Битола имаат специфична работа, изложени се на разни влијанија и поради тоа мора да бидат платени за да бидат задоволни.

„Не се знае на колку адвокати им ги наполнивме џебовите што некои тужеа за неисплатен К-15. Сега немаме такви работи. Се знае, К-15 добива секој вработен и се исплаќа 100 отсто. Треба да имаме позадоволни работници и да нудме подобри услови“ рече Матевски. Директорот на РЕК Битола истакна дека се воведува и бесплатен оброк, покрај тоа што е вклучено во платата.

„Ова што го добиваат сега работниците е бесплатено и е на наша волја. Ја спремаме и мензата, каде ќе добиеме топол оброк. Тоа е со цел да ги задоволиме условите на работниците“ рече Матевски.

23.02.2024 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега