Дисциплинска постапка и прекршочна пријава: ДСЗИ ги објави сите детали за смртта на двете близначиња во Прилеп

 

Дисциплинска постапка и прекршочна пријава за здравствените работници од прилепската општа болница за случајот со смртта на двете близначиња кои починаа од премрзнување. Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) нареди и задолжително известување на надлежниот Центар за социјални работи во случај кога интересите на пациентот односно неговиот родител/старател се спротивставени.

-Од ДСЗИ утврдиле дека по барање на мајката на бебињата и со нејзин потпис тие се испишани од установата на 10.01. и покрај убедувањето на лекарите да не го прави тоа затоа што за целото време од нивното породување на 31 декември до 10 јануари тие биле вo инкубатор, давана им е антибиотска и друга терапија вклучително со фоторетапија  заради појава на неонатална жолтица.  А во однос на исхраната, првично тие биле хранети со сонда за да последните денови од престојот во установата бидат префрлени на мајчино млеко. Но болницата не го известила Центарот за социјални работи од Прилеп за овој испис.Истовремено ДСЗИ врз основа на Законот за санитарна и здравствена инспекција, до Министерот за здравство ќе иницира постапка за стручен надзор над стручната работа на здравствената установа согласно Законот за здравствена заштита, велат од ДСЗИ.

Од Општата болница во Прилеп велат дека по препораките на ДСЗИ ќе формираат внатрешна стручна Комисија за испитување на случајот и со повеќе детали ќе излезат утре.

 

 

22.01.2025 - 14:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега