ДКСК бара поништување на одлуките за членство на УО во Академијатаза судии и јавни обвинители

 


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побара поништување на одлуките за назначување на членови од редовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Упрвавниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

ДКСК смета дека одлуките се спротивни на Законот за спречување на корупција и судир на интереси и Законот за АСЈО, и ги повика Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да преземат мерки со кои ќе ги стават вон сила овие одлуки.

„Избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“, истакнуваат од ДКСК.

Се наведува дека назначувањето на членови во Управниот одбор на Академијата треба да биде од редовите на судиите, односно на јавните обвинители, а не од редовите на членовите на овие две тела.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители тврдат дека нема ништо незаконито во нивните одлуки.

08.11.2024 - 14:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега