Дневен хороскоп: Еден знак да остане смирен, го чека тежок понеделник
ОВЕН
Се ближи момент на реализација на некои проекти како и прилика за потпишување на нов договор. Ссепак, сочувајте го трпение и одложите ги зацршните потези, затоа што, иако се оди според планот, и натаму не се исполнети сите предуслови да ставите точка на се. Избегнувајте караници.
БИК
Проблем за кој денеска дознавте, многу ќе ве промени. Решението е во вашите раце, ако превземете инцијатива, и ја победите својата суета, и конечно ќе ги поставите работите на место. Додека не дотерате се до совршенство, ќе ви годи повеќе рекреација.
БЛИЗНАЦИ
На вашиот партнер му пречи монотонија во која сте влегле. Иако сте расположени за друштво, не сте доволно подготвени на гужва и маса на непознати лица. Ако направите компромис, ве очекува романтична вечер полна со нежности која ви недостасувала.
РАК
Ве вклучуваат во сите случувања кои се околу вас. Чувството дека сте повикани да реагирате на се е резултат на вашето влегување во туѓите проблеми. Инаку тоа не ви пречи, но сега сте уморни. Не се лутите, размислите колку е вашата одговорност во сето тоа.
ЛАВ
Расположени сте, па со нетрпение ја очекувате вечерашната журка. Наклонетост кон љубовните авантури би можеле да ве вплеткаат во врска од која тешко дека ќе се извлечете. Ако сакате да избегнете скандали, совладајте се себе си и немојте да подлегнувате на искушенија.
ДЕВИЦА
Собирате што сте направиле во минатиот период, а резултатот ве чини горд. Уште само сето тоа да го пренесете на соработниците, но и на семејството, па вашата среќа да биде комплетна. Немојте да го барате тој аплауз, затоа што тоа ќе ви го расипе чувството на самозадоволство.
ВАГА
Добивате повик активно да се вклучите во проекти кои се развиваат во вашето работно опкружување. Од вас се очеквуа да бидете „пионер“ на нов вид на работа, а вие од некои причини чувствувате дека тоа не е добро за вас. Послушајте ја интиуцијата, и повлечете се.
СКОРПИЈА
Не можете да ја истерате секоја правда. Прифатете ги туѓите аргументи и во нив најдете причина за простување затоа што не се решава се на суд. Бидете внимателни во сообраќај, особено ако одите на долг пат. Празниците се далеку, не се опуштајте.
СТРЕЛЕЦ
Неискреноста во вашето опкружување станува неподнослива. Немојте да ја пренесувате вината кон други, затоа што тие ве лажат само онолку колку што вие сакате да бидете излажани. Размислете, можеби со своите ставови сте приморале некој на такви потези.
ЈАРЕЦ
Може да влезете во караници и проблеми со соработниците. Вашата кариера може да тргне надолу, ако дополнително не се ангажирате и не превземете одлучувачки чекори. Немојте да го продлабочувате непријателството со луѓето од кои зависите.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува драстичен пад на енергијата. Напнатоста може да предизвика отворени караници со пријателите. Посесивното однесување на сакната личност дополнително ги отежнува сите важи обиди да ги поправите работите во врската и да ја сочувате.
РИБА
Сте влегле во магичен круг. Решението ви е пред носот, но вие упорно се потпирате на старите приказни кои ја оправдува блокадата во која сте се нашле. Одговорноста ја префрлате на најблиските, и мислите дека вие сте креатор на сопствената среќа, а не тие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа