Дневен хороскоп: Еден знак ќе го надмине недоразбирањето со партнерот
Овен
Престојот на три планети во полето на кариерата ќе ви донесе исклучителна можност да ја постигнете претходно поставената цел. Ве очекува подобрување. Слободниот Овен може да запознае интересна личност во знакот Вага или Близнаци. Тахикардија.
Бик
Овој период ви носи подобрени односи со колегите и претпоставените. Атмосферата на работа станува далеку поконструктивна, па резултатите нема да изостанат. Овој ден ви носи решение за долгогодишен проблем во вашето семејство. Комуникацијата со партнерот се подобрува. Напнати сте поради природата на работата.
Близнаци
Денеска ве очекува кратко службено патување. Ќе можете да го проширите кругот на соработници и тоа ќе ви донесе просперитет. Врската со партнерот влегува во помирни води. Успешно го надминавте претходното недоразбирање.
Рак
Деловните преговори кои долго време беа во застој, сега ќе го направат првиот голем чекор напред. Ве очекува успех преку соработка со пријателите. Овој ден го поминувате во топла атмосфера која ја исполнува вашата врска со партнерот, но и семејството во целина. Проблем со дебелината.
Лав
Сега акцентот е ставен на вашата комуникација, како и на парите. Овој период ќе ви донесе бројни средби и нови соработки. Слободните Лавови чекаат љубовна романса со една шармантна Вага. Вие сте уморни.
Девица
Девиците кои се занимаваат со креативна работа и пишување, во овој период можат да доживеат вистински просперитет. Успехот ќе го постигнете преку оригинални деловни идеи. Девиците кои се во врска размислуваат да ја официјализираат својата врска. Проблеми со стомакот.
Вага
Невработените Ваги очекуваат добра деловна понуда, но многу ќе зависи од начинот на кој ќе се претстават. Венера во вашиот знак придонесува да зрачи посебен магнетизам и шарм. Ве очекува интересно запознавање преку работа. Лошо варење.
Шкорпија
Заеднички именител на овој ден се успешно завршените деловни преговори и новата соработка. Успех преку соработка со странство. Периодот на криза на доверба е зад вас. Следува натамошно усогласување на односот со партнерот. Нервоза.
Стрелец
Доминантна тема во целиот овој период се финансиите. Одлуките што ќе ги донесете сега ќе бидат критични за целиот период до крајот на годината. Љубовната врска со личност која живее во друг град или во странство може да се претвори во многу повеќе од авантура. Дехидрација на организмот.
Јарец
Стелиумот во вашиот знак ве претставува како главен актер на астролошката сцена. Во овој период ќе се случат работи кои ќе бидат клучни за вашиот најголем напредок во кариерата. Доколку не сте задоволни од врската со партнерот, овие денови сериозно размислувате за раскинување. Нервозни сте до кулминација.
Водолија
Пред вас се две подеднакво добри деловни опции. Слушајте ја вашата интуиција и таа ќе ве одведе во најдобар правец. Овој ден ви носи можност да влезете во тајна врска со личност која не е слободна. Главоболка.
Риба
Планетите ви даваат поддршка за развој на приватниот бизнис. Можете да обновите некоја стара соработка со компанија од странство. Периодот на недоверба меѓу вас и партнерот целосно ве исцрпи емотивно. Следува понатамошна стабилизација. Се чувствувате одлично.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа