Дневен хороскоп - финансиско разочарување за еден знак

 

ОВЕН

Максимално сте фокусирани на обврските. Работите повеќе работи истовремено, и делувате растргнати на сите страни. Не сте задоволни од емотивната сфера. Емоциите се гасат, а разумот ве води. Солидно здравје.

БИК

Комуникативни сте, имате јасни идеи и одлично се сложувате со соработниците. Очекувате заедничките планови да ви обезбедат стабилни финансии. Релативно сте задоволни од емотивната ситуација. Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Одличен ден за решавање на сите судски прашања. Кога е љубовта во прашање, ве очекува ново познанство. Вашиот интелект и шарм ја оставаат другата страна без зборови. Солидно здравје.

РАК

За разлика од колегите, енергични сте и полни со самодоверба да ги решите проблемите. Пријателите се расположени за провод, и се оргнаизираат да ве запознаат со една личност. Немате ништо против. Стабилно здравје.

ЛАВ

Прилично сте полни со сугестии, одлучни и зрачите со авторитет. Без никакви проблеми ги убедувате колегите да ги прифатите вашите планови. Ве очекува случајно познанство, а од друга страна остава одличен впечаток. Стабилно здравје.

ДЕВИЦА

Сте си задале милион обврски и сега сте разлетени на сто страни. Одличен ден за ново познанство. Другата страна ви се допаѓа на прв поглед, но тоа тешко го криете. Солидно здравје, иако сте под мал стрес.

ВАГА

Задоволни сте како работата се одвива. Што се однесува до финансиите, ви даваат чувство на сигурност и стабилност. Во емотивен ќорсокак сте. Личноста која ве привлекува не е слободно, па не влегувате во приказната со неа. Солидно здравје.

ШКОРПИЈА

Имате проблем со колегите. Не успевате да најдете заеднички јазик. Емотивно сте задоволни. Не е проблем што врската ви е тајна. Работата ве исцрпува, и одмор ви е неопходен.

СТРЕЛЕЦ

Енергични сте и полни самодоверба. Ако работата има врска со комуникацијата, од секоја дебата излеувате како победник. Ако сте слободни, ви смета неможноста да запознаете адекватен партнер. Стабилно здравје.

ЈАРЕЦ

Не сте во потполност задоволни од ситуацијата на работа. Заинтересирани сте за воспоставување на работна соработка, но другата страна ве избегнува. Емотивно сте заинтересирани, но тотално неопуштени. Проблеми со циркулацијата.

ВОДОЛИЈА

Кога обврските се во прашање, им приоѓате со голем оптимизам. После некое време сфаќате дека ќе мора да вложите повеќе труд и време во нивна реализација. Иницирате разговор со партнерот. Проблеми со хормоните.

РИБИ

Работата солидно се развива, но ве загрижуваат финансиите. Размислувате како да ги подобрите. Емотивно сте фокусирани на минатото. Сакате да го видите поранешниот партнер. Проблеми со колената.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега