Доаѓа пролет и температури над 20 степени - какво време не чека во овој март
Ако можеме да им веруваме на долгорочните прогнози тогаш во март не чека вистинска пролет. Со исклучок на една седмица во втората половина на месецот, овој март ќе донесе многу сонце.
Оваа недела ја завршуваме со вистински пролетни температури. За време на викендот ќе имаме преку 23 степени во одредени делови на земјава додека во Скопје се најавуваат 21.
Со слични температури ќе продолжи и наредната недела кога постепено ќе настапи наоблачување кое во пресрет на викендот може да донесе и дожд.
Врнежлива се очекува да биде третата недела од март кога се најавува и благ пад на температурите. Сепак, утринските ќе останат стабилни на околу 5 степени дневните ретко ќе одат над 15, а во Скопје околу 12 степени.
Во последната недела од март повторно се најавува разведрување кое ќе ги спушти утринските температури околу 1 степен но затоа дневните ќе бидат во постојан пораст и ќе се движат некаде околу 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа