Доаѓа топол бран: Од идната недела уште повисоки температури


Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Како што информира УХМР, температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната недела.

Утре утринските темпеартури ќе се движат од 10 до 19 степени, а дневните од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 33 степени.

06.06.2024 - 11:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега