Добри вести: Америка го одобри првиот лек против Алцхајмерова болест
По 20 години истражување, денес во САД беше одобрен првиот нов лек против Алцхајмерова болест.
Лекот наречен Адуканумаб е насочен кон основната причина за Алцхајмеровата болест - деменција, наместо вообичаениот ефект врз симптомите.
После Америка, употребата на лекот е планирана и во Велика Британија, каде најмалку 100.000 луѓе се погодни за терапија. Сепак, одобрувањето на британскиот регулатор може да трае повеќе од една година.
Адуканумаб е насочен кон амилоид, протеин кој создава абнормални чворови во мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест, што може да ги оштети клетките и да предизвика деменција, вклучително и проблеми со помнењето и размислувањето.
Американската администрација за храна и лекови изјави дека постојат докази дека адуканумаб ги намалува амилоидните бета плочи во мозокот и на тој начин помага во лекувањето на пациентите, пренесува Би-Би-Си.
Во март 2019 година беа прекинати меѓународните испитувања на адуканумаб во доцната фаза, во кои беа опфатени околу 3.000 пациенти, кога анализата покажа дека како месечна инфузија, тоа не помага да се забави влошувањето на меморијата и размислувањето, ништо повеќе од лажен лек .
Но, подоцна истата година, американскиот производител Биоген анализираше повеќе податоци и заклучи дека поголемите дози на адуканумаб значително го забавија когнитивниот пад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа