Доделени решенијата на граѓани за субвенции на велосипеди во општина Илинден


Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски и оваа година им ги додели решенијата на граѓаните што имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купувавелосипеди.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и оваа година ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување велосипеди со цел да се стимулираат граѓаните почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики за живеење.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2024 година, која траеше до 30 април оваа година. Износот што го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50 % од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари за велосипед.

10.06.2024 - 13:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега