Дојде до хидрауличен удар - цела Битола и околината остана без вода

Без вода за пиење утрово остана цела Битола и околните населби  поради голем дефект на главниот цевковод на пумпната станица на ЈП Водовод. Директорот на претпријатието Андреј Гинов, потврди дека станува збор за сериозен проблем и вели дека екипите на јавното претпријатие од ноќеска се на терен за санација на дефектот, но неизвесно е кога во градот ќе се нормализира водоснабдувањето.

Имаше  испад од електричната мрежа на затворач од потисниот цевковод на пумпната станица. Дојде до хидрауличен удар, кој поради старост на материјалот предизвика голема пукнатина на цевководот. Во овој период  испумпуваме вода од акумулацијата „Стрежево“ до филтерница и така ги снабдуваме домаќинствата.  Цела ноќ работиме на санирање на дефектот на  цевководот, вели Андреј Гинов, директор на ЈП Водовод Битола.

29.08.2024 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега