Докторка за тројцата повредени во Нови Сад: Двајца од нив комуницираат со очи, се вознемируваат кога ќе ги видат семејствата
Двајца од тројцата пациенти кои беа тешко повредени како последица од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави за Танјуг директорот на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов.
„Како што вчера рече д-р Николиќ, двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент се уште е на апарати за вештачко дишење“, рече Туркулов.
Таа додаде дека проблем се секундарните инфекции, а нема опуштање бидејќи повредите се обемни.
„Секој ден се преврзуваат, имаше по некоја ортопедска корекција, фиксирање на коските, а семејствата можат да ги гледаат секој ден“, рече Туркулов.
Се организира и психолошка поддршка за свесните пациенти, бидејќи тие се вознемируваат кога ќе ги видат своите семејства, рече докторката.
Кои се тројцата повредени?
Две млади девојки кои не се познавале, едната од Кисач, другата од Параќин, тој петок ја делеле истата судбина на железничката станица во Нови Сад. И двете на 23 години доживеале страшни моменти – со часови биле под урнатините, додека со тешка механизација не биле ослободени, од каде итно биле префрлени во Војводинскиот центар во Нови Сад, а сега се борат за живот. Повредите се страшни.
Студентката на Филолошкиот факултет Ања Р.(23) од Параќин е во Клиничкиот центар во Војводина, ѝ е ампутирана раката, а како што рекоа нејзините блиски, има внатрешно крварење и моментално е на дијализа.
– Ања беше во Нови Сад во несреќен момент. Таму живее нејзиното момче. Можеби се враќала во Белград или штотуку пристигнала. Не знаеме. Се молиме да издржи – изјави нејзината братучетка за српските медиуми.
Ања учи кинески на Филолошкиот факултет во Белград, а со години се занимава со кошарка, па најблиските веруваат во нејзиниот победнички спортски дух!
На истата станица била и Теодора Мартинко (24) од Кисач, која се уште се бори за живот. Ова младо девојче се омажи во април минатата година и е мајка на едногодишно девојче. Со Теодора е цела Србија која се моли да ја преживее најтешката борба и да се врати кај семејството и малото бебе кое ја чека дома, пренесува Танјуг.
Наводно, според тврдењата на некои очевидци, Теодора веднаш штом ја извлекле од урнатините на спасувачите им рекла: „Кажете и на ќерка ми дека мама многу ја сака“.
Овие зборови сè уште одекнуваат во срцата и умовите на сите во Србија и се молат за оваа млада жена, да закрепне и да се врати кај своите најблиски.
Третиот повреден е младиот Вукашин Ц., кој неодамна наполнил 18 години. Тој кобен ден Вукашин требало да се пријави за возење. Стапалата му беа ампутирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа