Домашна маска со две состојки која ќе го избрише уморот од Вашето лице

Лимонот е одличен сојузник кога женската убавина е во прашање.

Состојките од маската кои ќе ги прочитате во продолжение се одлична комбинација во борбата против ситните брчки и разните дамки на лицето.

Потребно е:

-лимонов сок

-две лажички сода бикарбона (содата е одлична за пилинг).

Подготовка:

Промешајте лажичка лимонов сок со две лажички сода бикарбона. Мешајте додека не добиете бледо жолта паста. Намачкајте го лицето и вратот.

Нанесената маска држете ја 15 минути. Користете топла, влажна крпа и избршете ја маската од лицето.

Со студена вода, затворете ги порите и потхранете ја кожата со крема.

Доколку имате проблем со проширени пори во маската наместо сода ставете изматена белка од јајце. Ефектот ќе биде неверојатен.

27.09.2022 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега