Дожд и снег од понеделник - март носи студено време
Нов голем влажен, но овој пат и значително постуден воздушен бран ќе ја зафати територијата на Македонија во понеделник доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник, најави метеопрогнозерот Славчо Попоски.
– На повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, кои локално ќе наврнат нови над 30 литри дожд на метар квадратен воден талог. Поради заладувањето и значителниот пад на температурите, на планините над 1200-1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира и снежна покривка – вели Поповски.
Тој додава дека значителна снежна покривка се очекува на планините во западните и во северните предели, како и на североистокот и истокот од Македонија, понекаде и со висина од над 25 сантиметри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа