Дождот го заглави Скопје - отежнат сообраќај во утринскиот шпиц

 

Интензивните врнежи од дожд кои од ноќеска го зафатија главниот град очекувано го зголемија интензитетот на сообраќај по скопските улици утрово. На речи си сите булевари и раскрсници во главниот град се создаваат колони автомобили.
Очекувано, најмногу гужва има на критичните точки во центарот на Скопје и околината.
Дополнително, големите количини на дожд кои наврнаа му прават проблеми и на системот за атмосферската канализација во Скопје, па некои улици се практично поплавени.
Надлежните апелираат за внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Да се посвети внимание и на пешаците особено на автобуските постојки каде се собираат поголеми вирови.

10.09.2024 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега