Драма во Дебар: Мортус пијан и без возачка бегал од полицијата

 


Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола.

Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

02.05.2025 - 12:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега