Драма во Македонија: Цело маало го гаснело пожарот, изгоре куќе
Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, струмичко.
Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари
-Пожарот во поголем дел беше изгаснат од месното население. По пристигнувањето извршена е контрола и изгаснати се некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.
Причинета е поголема материјална штета, а причината за пожарот ќе се утврдува.
14.02.2025 - 09:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа