Драма во тетовско: Го нападнал градоначалникот на Желино па избегал - половина час потоа го избоделе

Вистинска драма се случувала во селото Стримница, тетовско. 33-годишник во двор на џамијата во селото прво вербално го нападнал градоначалникот на општина Желино Блерим Сејдиу. Потоа физички нападнал уште две лица, татко и син, по што избегал. Половина час подоцна синот со остар предмет му нанел убодна рана по што ѝ се предал на полицијата. 

-Денеска (30.08.2024) во 14.15 часот О.И. (36) од с.Стримница, тетовско, самиот се пријавил во Полициското одделение Групчин откако во угостителски објект во селото Стримница со остар предмет му нанел убодна рана на Ф.Б. (33) од с.Стримница. Ф.Б. е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Според пријавеното во СВР Тетово, претходно, околу 13.35 часот во дворот од џамијата во селото Стримница, Ф.Б., вербално го нападнал Б.С. (34), градоначалник на општина Желино, а физички го нападнал И.И., татко на О.И., по што се дал во бегство. Околу 14 часот, според пријавеното, Ф.Б. дошол во угостителскиот објект каде бил О.И., по што настанала расправија и О.И. му нанел убодна рана на Ф.Б..  СВР Тетово во координација со јавен обвинител од ОЈО Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

30.08.2024 - 18:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега