„Државата е убиец“- Судир на демонстрантите и полицијата во Атина

Немири избувнаа во центарот на Атина за време на новиот протест на Грците поради дефектите што доведоа до сериозната железничка несреќа претходно оваа недела во која загинаа повеќе од 50 луѓе.

На плоштадот Синтагма избувнаа нереди, а полицијата употреби солзавец и шок бомби, пишуваат медиумите во регионот.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Државата е убиец“, „Итно отстранете го Мицотакис!“, „Вие 300, молчете!“, што е порака упатена до пратениците.

Медиумите во написте потсетуваат дека страшната железничка несреќа се случи во понеделникот нешто пред полноќ кога патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз во централна Грција, недалеку од градот Лариса.

Грчкиот министер за инфраструктура и транспорт Костас Караманлис поднесе оставка, а шефот на железничката станица во Лариса е уапсен под сомнение дека е одговорен за несреќата, која се смета за најтешката железничка несреќа во грчката историја.

Сомнежите се дека тој е виновен што навреме не ги разделил шините.

05.03.2023 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега