Државниот инспекторат регистрирал серија пропусти во постапките за вработување во М-НАВ

Државниот инспекторат за труд при извршениот вонреден инспекциски надзор во М-НАВ констатирал низа нерегуларности во делот на споведување на постапките за вработување.

Под лупа се ставени 4 јавни огласи низ кои ДИТ констатирал дека без образложени се ангажариле лица за одредени позиции, а други кои ги исполнувале условите воопшто не се земени во предвид при ангажманот.

Исто така, работодавецот немал писмен доказ за изведени интервјуа со кандидатите, а воедно барал да услови кои воопшто не биле споменати во систематизацијата на тие работни позиции.

„Работодавецот без основ ги поништил одлуките на четворица кандидати за работните места студент-инженер и студент-техничар и покрај тоа што можел да спроведе законска постапка за вработување и во фискалната 2024-та година“, стои во соопштението.

Прекршувањето на законот ќе го чини М-НАВ 600 евра, додека одговорните лица се казнети со по 400 евра глоба, велат од Инспекторатот.

06.02.2024 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега