ДУИ: Др. Арбен Зибери ја извршува својата работа со професионализам и достоинство

Д-р  Арбен Зибери е кандидат за пратеник во првата изборна единица и како и секој друг има право да изразува политички ставови во предизборни кампањи, заштитувајќи ја институцијата што ја води од какво било политичко инволвирање, реагира ДУИ на најавата на министерот за здравство Венко Филипче дека ќе го разреши Зибери од директорската функција во Центарот за јавно здравје.

– Тој беше столб на владата и Министерството заздравство во борбата против пандемијата и сите сме горди на неговата работа. Затоа, го замолуваме министерот Филипче да не се обиде да го негира правото на политичко изразување во предизборната кампања заради неговите партиски калкулаци – реагира ДУИ.

Филипче, најави дека уште денеска ќе го разреши Зибери, откако тој се пофали дека тој издејствувал отварање на  границите без тестови, за да можат Албанците од дијаспората да гласаат. Министерот демантира дека изјавата на Зибери е вистина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега