ДУИ: Именувањето на Шекеринска е голем успех за Македонија
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до г-ѓа Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО.
„Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди.
Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.
Г-ѓа Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, стои во честитката од ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа