ДУИ: Патиките на Артан Груби чинат 138 евра на попуст

 

Се огласија ДУИ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, носел скапи патики, кои чинеле колку една македонска просечна плата.

Oд партијата велат дека патики чинeле 138 евра, симнати на попуст од 212 евра.

„Денешното ВМРО-ДПМНЕ е непрепознатливо кое што го „пушти низ вода“ сето свое претходно раководство и се служи со омаловажување на другите преку „Гебелска пропаганда“. Затоа, Никола Груевски има четирипати поголем рејтинг од Христијан Мицкоски и повеќе од една третина на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не го поддржуваат Мицкоски туку го сметаат се уште Груевски како нивен лидер.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се извини за клеветите и личните навреди упатени кон Првиот потпретседател на Владата, г-дин Груби. Во прилог Ви испраќаме доказ за цената на патиките за кои замислете, се состануваше Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе стратешка одлука да креира уште една лажна вест по наредба на нивниот претседател во својата секојдневна колекција“ велат од владејачката партија.

31.05.2023 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега