ДУИ почна со собирање на потписи за претседателскиот кандидат Османи

Пратеникот Арбер Адеми соопшти дека ДУИ, како што беше претходно најавено и од Али Ахмети, започнале со процедурата за собирање на потписи за Бујар Османи, за кандидат претседател на земјата.

„ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, по министер за одбрана, претседатели на Управен суд, на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – па дојде време да го отовриме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со над 80 гласови, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се обезбеди над 80 гласови да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии“, изјави Адеми за медиумите.

23.02.2024 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега