ДУИ: Владата не понижува - Премиерот нема ниту еден советник Албанец
Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки, се вели во сооптшението на ДУИ
„Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец.
Оваа политика на мајоризација е позната во минатото, и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моно-етничка доминација.
Тоа јасно покажува дека механизмите на мајоризација ѝ се сѐ уште потребни на земјата, со цел зачувување на мултиетничкиот карактер на општеството, едно од најголемите достигнувања кое е во целост загрозено.
Градењето инклузивни и функционални институции, се основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности на чии основи почива долгорочната стабилност и напредок на земјата.
Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер во Владата, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава.“ – велат од ДУИ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа