Два медицински тима го оперирале словачкиот премиер пет часа
Словачкиот премиер Роберт Фицо бил хоспитализиран, а два медицински тима го оперирале пет часа.
Лекарите во текот на ноќта успеале да ја стабилизираат состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат во градот Хандлови, но тој сѐ уште е во тешка состојба, соопшти денеска директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова.
„Во моментот се преземаат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба“, изјави словачкиот министер за одбрана, Роберт Калињак.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа