Двајца скопјани ќе одговараат кривично: Во „бмв“ криеле пиштоли и куршуми

Двајца скопјани си заработија кривични пријави, бидејќи полицијата во „бмв“ им нашла три пиштоли и куршуми.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.А.(36) и Б.С.(35), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 16.05.2023 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „бмв“, кое го управувал И.А., а Б.С. бил сопатник, при што биле пронајдени и одземени три пиштоли „Црвена застава“, три рамки и повеќе куршуми калибар 7,62х25 мм“, информираат од МВР.

31.05.2023 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега