Двајца вработени на УНХЦР загинаа во израелските напади врз Либан

 

Агенцијата за бегалци на Обеинетите нации (УНХЦР) во вторникот потврди дека двајца нејзини вработени биле убиени во израелските напади врз Либан. УНХЦР објави дека се „огорчени и длабоко тажени“ поради нивната смрт.

Дина Дарвише, од канцеларијата во долината Бека на истокот на Либан, загинала кога израелски проектил ја погодил зградата во која таа престојувала во понеделникот, соопшти УНХЦР. Во понеделникот, исто така, беше потврдено дека Али Басма, кој работел во канцеларијата на УНХЦР во градот Тир во јужен Либан, е убиен, додава агенцијата.

„УНХЦР е тажен поради загубата на нашите колеги и изразуваме длабоко сочувство до нивните семејства и најблиски“, се вели во соопштението.

Израелската војска во вторникот објави дека го убила Ибрахим Мухамед Кабиси, командант на ракетните сили на Хезболах, во воздушен напад во Бејрут. Според армијата, тој загинал заедно со другите команданти на тие сили. Засега таа информација не е официјално потврдена.

Кабиси се приклучил на Хезболах уште при основањето на ова шиитско движење во 1980-е и имал неколку важни воени улоги во организацијата. Бил наводно „одговорен за планирање и извршување на многу напади врз израелски цивили и војници“, соопшти израелската војска.

Во објава на Тelegram во вторникот, Хезболах објави дека користел нова ракета „Fadi 3# во напад на израелска воена база на северот на Израел.

24.09.2024 - 22:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега